Пет маани резервирани само за интелигентните луѓе

373

Иако на прв поглед се чини дека високиот коефициент на интелигенција е исклучиво позитивна работа, сепак постојат и недостатоци.

И натпросечно интелигентните луѓе имаат недостатоци, а Business Insider издвојува  негативни страни на високата интелигенција.

Немаат простор за грешка

Големите очекувања од другите постојано им се наметнуваат на интелигентните луѓе. Ова е причината зошто тие честопати можат да бидат фрустрирани и непријатни.

Честопати  ги поправаат другите во секојдневниот разговор
Честопати, исправувањето на туѓите грешки може да биде многу непожелно, а интелигентните луѓе постојано ги забележуваат туѓите грешки, поради што другите може да мислат дека се арогантни и вообразени луѓе и не ги сакаат во нивна близина.
Ги перципираат како фалбаџии
Тие често сакаат да помогнат некому, обезбедувајќи му ги потребните информации, а потоа се стекнува впечаток дека непотребно се фалат со своето знаење, што може да биде многу одбивно за другите.
Прекумерна анализа
Интелигентните луѓе имаат навика да ја анализираат секоја ситница што им се случува.
Тие знаат колку не знаат
Тие сфаќаат дека многу малку знаат (колку повеќе знаеш, толку повеќе чувствуваш дека ништо не знаеш).
На интелигентните луѓе им е полесно да ја согледаат реалноста и како такви полесно е да разберат дека не знаат апсолутно сè и полесно им е да утврдат во кои области се подобри.
Фото: Pixabay