Петте најтргувани акции на берза оваа недела

120

Акциите на Комерцијална банка, Гранит, Алкалоид, Жито Полог и Макпетрол се петте најтргувани хартии од вредност на Македонска берза, во период од 20-ти до 24-ти јануари, покажуваат податоците од Неделниот преглед.

Во текот на неделата, вкупниот промет достигна 2.901.172 евра или 7,62% помалку во однос на претходната недела. Пад од 13,52% е регистриран кај вкупниот број (531) на трансакции.

Пазарната капитализација на Македонска берза, од 20-ти до 24-ти јануари, се искачи на 3.347.225.035 евра или скок од 0,47% во однос на претходната недела. Пазарната капитализација на последниот трговски ден (24-ти јануари) беше 1.957.325.302 евра.

Индексот МБИ10 на 24-ти овој месец достигна вредност од 4.933,48 поени.

Фото: Pexels