Peugeot 108 и Citroën C1 одат во “пензија“

164

Француската групација PSA е решена да го напушти А сегменетот кога станува збор за автомобилите со конвенционални мотори.

PSA се подготвува за спојување со FCA, а во пресрет на тоа се подготвува за напуштање на А сегментот, така што актуелните генерации на Peugeot 108 и Citroën C1 најверојатно ќе бидат последни за овие два модели. Пред спојувањето со Fiat Chrysler, во француската групација сакаат да направат ревизија на својата понуда и да ги реосмислат стратегиите, а како дел од тоа е и пензионирањето на своите најмали автомобили на европскиот пазар.

Ова се уште не е потврдено, но според извештаите на Automotive News, којшто пак се повикува на извори на Reuters, се истакнува дека Peugeot 108 и Citroën C1 нема да бидат дел од новата стратегија. Вакво нешто можеше да се претпостави од претходно, кога PSA му го препушти на Toyota досега заедничкиот погон во Чешка, каде се произведуваа двата автомобили заедно со моделот Aygo.

“Актуелните проекти ќе бидат заменети со нови најверојатно пред спојувањето со FCA. Спојувањето ги врти картите, особено кога ќе се земе предвид дека А сегментот, почнувајќи од првиот 500, па се до Panda, е недделив дел од Fiat“, изјавил еден од изворите за Reuters.

Кога ќе се согледаат сите работи, постојат две главни причини зошто PSA го напушта А сегментот. Првата е дека со се постриктните европски стандарди за емисии на CO2 станува се поскапо и поскапо за производителите да продолжат со продавање на мали автомобили со конвенционални мотори со оглед на тоа дека се потребни скапи филтрациски систем за да се пресретнат барањата. Едноставно, малите автомобили не се повеќе економски профитабилни.

Освен тоа, со оглед на тоа дека спојувањето на PSA и FCA е на хоризонтот, ќе се појави и сериозно преклопување во сегментот на мини автомобили со модели на двете компании. Fiat е симбол и синоним на FCA во оваа класа, со што 500 и Panda моделите ќе немаат директни ривали од семејството, што веројатно е најпаметната одлука на PSA и FCA, односно Stellantis, како што ќе се нарекува новиот субјект.

Преземено од Avtoplus.mk