Plus size кукли во продавница на Nike во Лондон

56

Американскиот бренд Nike постави кукли со plus size големина на излог во своја продавница во Лондон, пишува Dezeen.

Компанијата посвети внимание на припадничките од понежниот пол со смела кампања којашто има за цел да прикаже дека Nike ја поддржува секоја жена во спортот.

Освен кукли со облини, во продавницата има и такви што симболизираат учеснички во параолимписки игри, односно кукли со физички недостаток.

Брендот покрај многуте пофални зборови наиде и на критики, на што оттаму порачаа дека сакаат да промовираат инклузија, односно вклученост на секоја жена во спортот без разлика на нејзиниот изглед и способности.

Компанијата веќе има Nike Plus Size линија којашто е наменета токму за оние со вишок на килограми. Во продавницата во Лондон Nike има посебно место наречено The Arena, каде што моментално се наоѓа “фудбалската колекција“ додека трае женскиот Мундијал.

Фото: Facebook