Под “лупа“ договор на Google вреден над две милијарди долари

26

Обидот на Google да ги надмине Apple и Samsung на пазарот на технологија на уреди за носење преку купување на американската компанија Fitbit, наиде на пречка од европските регулатори за заштита на пазарна конкуренција коишто покренаа истрага за договор во вредност од 2,1 милијарда долари.

Таканаречената технологија за носење (wearable technology) се однесува на електронски уреди што се носат најчесто на рака или друг дел од телото и по што откриваат и анализираат одредени телесни процеси и показатели како што се крвен притисок, пулс, помината далечина и слично, а се користи и во здравствени цели, како и за навигација.

Европските регулатори најавија дека договорот би можел да ја зголеми доминацијата на Google во врска со интернет огласувањето. Се верува дека договорот на Google би можел да му даде предност во персонализирани огласи преку своите пребарувачи и прикази на интернет страници, со што ќе ја отежни конкуренцијата.

Фото: Freepik