Полесно до нов дом со Халкбанк

45

Посакуваниот стан на саканата локација, во најзеленото маало, со добар поглед, со совршена кујна, со посакуваната големина и со сè што сте замислиле, може финансиски паметно да го реализирате со новиот станбен кредит на Халкбанк, стои во соопштението.

Кредитот е со фиксна каматна стапка од 3,2% за период од 10 години и 5,2% варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот. Со кредитот добивате и животно осигурување коешто овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство. Максималниот износ што може да се добие е до 200.000 евра, а временскиот рок на отплата е до 30 години. Кредитот е без трошоци за проценка, без трошоци за одобрување и без трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства.

Халкбанк има склучено и соработка со голем дел на градежни компании. Доколку имате одбрано стан во зграда која е во тек на градба, Халкбанк прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата. Со овие олеснувања уште полесно можете да ги реализирате своите замисли и желби со цел да создадете идеален дом.