Полска гради ветерна електрана во Балтичкото Море во вредност од 4,73 милијарди евра

24

Со цел да се забрза енергетската трансформација, полската државна енергетска компанија Орлен најави дека до 2026 година во Балтичкото Море ќе изгради ветерна електрана со моќност од 1,2 гигавати и вредна 4,73 милијарди евра, јавува Anadolu.
Во соопштението на компанијата се наведува дека Надзорниот одбор во четвртокот го одобрил проектот наречен „Балтичка сила“.

Според официјални лица, градежните работи на паркот со ветерници во Балтичкото Море ќе започнат оваа година, а централата ќе биде пуштена во употреба во 2026 година.

„Орлен радикално ќе ги прошири своите активности во областа на обновливите извори на енергија за да достигне инсталирана моќност од девет гигавати до 2030 година“, изјави Даниел Обајтек, извршен директор на Групацијата Орлен.

Проектот има за цел да ги задоволи потребите за електрична енергија на повеќе од 1,5 милиони домаќинства.