Понизок ДДВ за спас на европскиот туризам

43

За да може барем привремено да му се помогне на туристичкиот сектор, којшто е меѓу најпогодените поради пандемијата, многу европски земји донесоа одлука за привремено намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на туристички услуги, пишува хрватски Новац.

Според европското здружение на хотели, ресторани и угостителски објекти, таква мерка засега имаат 11 земји, меѓу кои ја нема Хрватска, но на списокот ги има Грција и Турција.

Турција, во период први април до 30-ти ноември оваа година донесе одлука да го намали ДДВ-то во хотелиерството од осум на 1%, што е најнизок ДДВ во било кој туристички сегмент во Европа.

Грците, како што се наведува, одлучија да го намалат ДДВ-то во сегментот на служење безалкохолни пијалаци од 24 на 13%, а за hospitality од 13 на само 5%.

Во Хрватска туризмот во овој момент се оданочува по две стапки – 25 и 13%, од коишто намалената стапка е неодамна воведена, а е наменета за сегментот подготовка и послужување на јадења и слатки надвор од угостителски објекти.

Фото: Freepik