Pop up продавницa – иновативен концепт во малопродажбата

60

pop up prodavnica

Pop up продавниците претставуваат концепт што има повеќе позитивни карактеристики – привлекува внимание и го промовира брендот како иновативен и флексибилен, пишува Екапија.

“Концептот е нов и луѓето не се доволно свесни за сите негови предности, а тоа може да биде голем плус за оние кои први ќе ја започнат акцијата. Овој начин на продажба испраќа специфична маркетинг порака и користи временско и количинско ограничување на продажбата на одреден производ. Со тоа се добива на ексклузивност и привлечност за купувачите, бидејќи се создава впечаток, односно чувство на итност, дека одреден производ мора да се купи што е можно побрзо“, вели Рубен Педроса, маркетинг експерт.

pop up prodavnica 3

Главни карактеристики на овие привремени продавници е нивното временско ограничување, бидејќи продавницата се отвора на период од два до три месеци или пократко. На тој начин, сопственикот на локалот или трговскиот центар добива брендови што се менуваат за краток временски период, а предноста за малопродажбата е тоа што може да почне соработка за пократок закуп на просторот и потоа по потреба да го продолжува договорот.

Овој концепт, според Педроса, значи подобро и поинакво искуство во купување со интензивен маркетинг. Од таа причина, за овој вид на продавници многу важна улога има дизајнот и pop up продавниците се одлични за сезонски акции, како и за тестирање на нови пазари.

pop up prodavnica 2