Porsche со загуба од 329 милиони евра за шест месеци

30

Автомобилскиот бренд Porsche во првите шест месеци од оваа година прикажа загуба од 329 милиони евра, додека истиот период лани работеше со добивка од 2,38 милијарди евра.

Porsche е во сопственост на семејствата Порше и Пик, влијателни учесници во германската автомобилска индустрија, а на почетокот на годината го зголемија уделот во концернот Volkswagen на 53% со право на глас.

Иако холдингот има удели и во други компании, неговите резултати во голема мера зависат од уделите во Volkswagen, коишто поради пандемијата во првата половина од годината ги заокружи со загуба поголема од милијарда евра, пренесуваат германските медиуми.

Поради тоа и Porsche, исто како и Volkswagen, планира да ја намали дивидендата за 90 центи на 2,21 евро за приоритетни и 2,20 евра за обични акции.

Фото: Freepik