Постепено се затвораат хотелите во Бугарија

78

И Бугарија се соочува со потешкотии во туризмот, откако германските власти го прогласија северното крајбрежје на Црното море како опасна дестинација. Од таа причина, туристички комплекс во Албена почна со затворање на хотелите поради откажување на бројни чартер летови.

“Бројот на туристи е во пад, како и бројот на реализирани резервации, па хотелите полека се затвораат. Минатата недела имаше околу 8.000 гости, а оваа недела околу 6.500“, вели Христо Пенев, менаџер на комплексот за бугарски Новините.

Туристите кои престојуваат во комплексот најчесто доаѓаат од Бугарија и Романија, коишто најчесто доаѓаат на одмор од средината на јули, а од странски туристи најчесто доаѓаат од Германија, Чешка и Полска.

Засега, како што се наведува, не се регистрирани случаи на зараза, ниту меѓу вработените, ниту меѓу туристите.

Фото: Pixabay