Повеќе од 24,8 милиони патници сообраќале низ Македонија во четвртото тримесечје

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 4.250.000, во железничкиот превоз 216.000, во градско – приградскиот превоз 20.140.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 227.733.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 7,5%, во железничкиот превоз е намалено за 0,7%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 3,2%.