Познат актер донира за обнова на познат ресторан во Бејрут

68

Актерот Расел Кроу донира средства за обнова на познат ресторан во либанската престолнина, што неодамна ја потресе силна експлозија.

Станува збор за ресторанот Le Chef, којшто по разорната експлозија, е претворен во рушевина, пренесува ВВС.

Најпрво организаторот на кампањата за собирање на средства преку GoFundMe, a потоа и самиот актер потврди дека донира пари во чест на починатиот познат готвач Ентони Бордејн, кој Le Chef го претстави во еден од своите документарни емисии.

“Мислам дека  и тој најверојатно ќе го направеше истото да беше меѓу нас“, напиша Кроу на Twitter.

Инаку, ресторанот е сместен во близина на местото каде што избувна експлозијата на четврти август, во којашто загинаа над 200, а ранети се илјадници луѓе.

Фото: Facebook