
Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни пораки по електронска пошта, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката.

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни пораки по електронска пошта, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката.
Во пораките се испраќа известување за плаќање и прикачен е фајл кој содржи злонамерен софтвер. Со отворање на фајлот, примателите на пораката се изложуваат на ризик од неовластен пристап до лозинките и доверливите информации достапни на уредот.
Апелираме да не се отвора фајлот и пораката веднаш да биде избришана. Целта на ваквите измамнички пораки е прибирање сензитивни податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер на уредот.
Како да препознаете лажна порака?
- Лажните пораки често упатуваат на итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап или слично.
- Често содржат граматички и правописни грешки – читајте ги внимателно.
- Задолжително проверете го називот и домејнот на e-mail адресата на испраќачот.
Бидете внимателни и следете ги советите за препознавање злонамерни пораки.














