Премиера на првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe

23

Инспирирани од приказната за луксузниот и независен стил, компанијата М Кар во својот продажен салон, во софистицирана елеганција, со престижна 7-степена гала вечера вчера ги промовираше трите водечки BMW модели од луксузниот сегмент. Првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, ја доживеаја својата македонска премиера зрачејќи со чиста моќ, префинетост и авторитет, стои во соопштението.

Во одлично расположение и воодушевени од моќните автомобили, присутните гости на официјалната промоција – највлијателната македонска бизнис елита како и вип претставници од политичкиот живот и дипломатскиот кор, уживаа во несекојдневното премиум искуство. Покрај промоцијата на авангардните автомобили, програмата вклучуваше кратка елегантна изведба на балетот Лебедево езеро на Чајковски, како и рафиниран музички перформанс во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW.

Специјален гостин на настанот беше македонската музичка легедна, Влатко Стефановски, кој придонесе за неспоредлива енергија на настанот и со посебна стихотворна изведба – преработка на оригиналната реклама, сликовито го претстави сосема новиот BMW 8 Coupe.

Трите претставени премиум автомобили ветуваат луксузно моторно но и духовно искуство и неверојатна слобода. Првиот BMW X7 не само што внесува нов член во семејството X, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот. Со израз на уникатност, премиерниот BMW X7 е првиот автомобил кој ја спојува ексклузивноста на луксузен модел со големината и пространоста, при тоа проследени со агилни и многубројни возни перформанси, типични за еден SAV модел. И покрај величествениот изглед, првиот BMW X7 остава впечаток на леснина и агилност благодарение на пуристичкиот дизајн и атлетскиот стил.

Тој е прв автомобил кој нуди 22-инчни бандажи и седум првокласни седишта за удобно возење – неспоредлив комфор што се протега дури до третиот ред седишта. Автомобилот има импресивен дизајн и најголема бубрежна решетка во историјата на BMW. BMW Individual опциите за опрема го издигнуваат BMW X7 до посебно ниво на ексклузивност. Во внатрешноста, спојот на висококвалитетни декоративни елементи: crafted clarity апликации од стакло, рачно доработени уметнички дела од кристално стакло за менувачот и други контроли, висока-квалитетната мерино кожа, амбиенталното светло, Sky Lounge и панорамскиот стаклен покрив се само дел од карактеристиките создаваат неверојатна атмосфера и искуство при возењето.