Преполовен бројот на превезени патници во последното тримесечје од 2020

7

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.005.000 во четвртото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 51,9%. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 53,4%, во приградскиот превоз за 48,5%, во меѓуградскиот превоз за 54,8%, а во меѓународниот превоз за 78,6%.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,9%, во приградскиот превоз за 78,6%, во меѓуградскиот превоз за 65,6%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 70%.

Фото: Pexels