Презентирани можностите за млади претприемачи во Аеродром

22

Во општина Аеродром се одржа презентација за бизнис инкубаторот YES наменет за лица кои сакаат да почнат сопствен бизнис или се на почетокот на старт – ап бизниси од областа на информатичките технологии, пишува Миа.

Покрај ова, презентирани се и дополнителните услуги што се нудат, како обуки и настани, меѓу кои и Go International – ICT Brokerage Event, настанот за вмрежување со регионални фирми од областа на информатичките технологии, што ќе се одржи на 13 ноември во Скопје.

Презентацијата е дел од серијата неделни настани што ги организира општината во соработка со Локалниот младински совет. Општината најавува дека секоја недела ќе се организираат слични настани со цел да им се понудат информации за поддршка на малите и средните претпријатија, претприемачите, како и невработените лица.