Придобивки од користење на СЕПА стандардите во банкарскиот систем

44

E-commerce

Ефикасен систем за платен промет и намалување на трошоците за плаќањата во странство, се главните придобивки од користењето на СЕПА стандардите во македонскиот банкарски систем, беше истакнато денеска на настанот во организација на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, на тема “Што може да донесе Единствената европска платежна област за банкарството и реалниот сектор во Македонија“.

“Македонија не е се уште вклучена во овој систем. Тоа е двостран процес, но постојат можности за приближување и да успееме да ги намалиме трошоците за плаќањата во другите држави. Народната банка размислува во таа насока и во Стратегијата се предвидени одредени активности“, рече гувернерот Димитар Богов.

Стандардите се применуваат во 28 земји од ЕУ, а Македонија ќе треба да ги применува кога ќе стане членка.

СЕПА – Single euro payment area, ја користат над 500 милиони жители, над 20 милиони бизниси како и јавните авторитети на Европската унија. Преку истата можат да прават и да примаат плаќања под исти услови, права и обврски, без оглед на тоа каде се наоѓаат.