Продажба на државно земјиште во Гевгелија за изградба на хотелски комплекс

22

По пат на електронско јавно наддавање општина Гевгелија нуди на продажба државно градежно земјиште наменето за изградба на хотелски комплекс.

Градежната парцела е со површина од 16.064 квадратни метри и процент на изграденост 57,84 %. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 223 денари за квадратен метар.

Пријави за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до 22 следниот месец на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се одржи на 26 август, со почеток во 10 часот, а ќе трае 15 минути.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица – државјани на Република Македонија,државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија и домашни правни лица.

Можност за учество имаат и правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на  Македонија.