ПроКредит лани забележа раст на кредитирањето за 9,9%

21

procredit

ПроКредит банка минатата година забележа раст на кредитирањето од 9,9%, при што кредитното портфолио достигна 205 милиони евра, информираат од Банката.

Преку постојани акции за поттикнување на културата за штедење и флексибилни услови за штедачите, депозитната база порасна за 12,9%, што е показател за довербата на клиентите во ПроКредит како германска банка.

Профитот на Банката изнесуваше 2,8 милиони евра. Со спроведување специфична кредитна технологија со која кредитите кои ги исплаќаме соодветствуваат со кредитниот капацитет на секој клиент, процентот на кредити во доцнење изнесуваше 2,59%, далеку под нивото на банкарскиот сектор од 11,51%.

Банката најавува и во 2014 ПроКредит Банка поддршка за бизнисот и иновативна услуга како олеснување на секојдневните операции на клиентите. За претпријатијата ќе нуди подобрени кредитни услови приспособливи на динамиката на работењето, пофлексибилно обезбедување и електронски услуги. Граѓаните ќе можат да ги финансираат своите инвестиции за нов дом и енергетски ефикасно реновирање со најконкурентни каматни стапки.