Прометот на берза оваа недела скокна за над 287%

61

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 24-ти до 28-ми февруари оваа година, достигна вредност од 6.289.969 евра или 287,25% повеќе во однос на минатата недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Скок од 110% има кај вкупниот број на трансакции, коишто оваа недела достигнаа 987.

Петте најтргувани акции оваа недела беа оние на: Алкалоид, Комерцијална банка, Макпетрол, НЛБ Банка и ТТК Банка.

Пазарната капитализација оваа трговска недела се позиционираше на 3.267.479.836 евра или 4,21% помалку во однос на претходната недела. Пазарната капитализација на 28-ми овој месец достигна 1.891.856.655 евра или 5,24% помалку во однос на минатиот петок.

Вредноста на индексот МБИ 10 на крајот на трговската недела изнесуваше 4.673,54 поени или 6,54% помалку во споредба со претходната недела.

Фото: Pixabay