Прометот на берза во минус оваа недела

51

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 17-ти до 21-ви февруари, изнесуваше 1.624.270 евра или 34,62% помалку во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед на Берзата.

Пад од 5,05% има кај вкупниот број на трансакции – 470, додека пазарната капитализација се позиционираше на 3.410.932.211 евра или 0,33% повеќе во однос на претходната недела.

Најтргувани акции, од 17-ти до 21-ви февруари, беа оние на: Алкалоид, Комерцијална банка, Макпетрол, Реплек и Гранит.

Вредноста на индексот МБИ 10, на 21-ви февруари, беше 5.000,55 поени или 0,32% повеќе во однос на минатиот петок. Пазарната капитализација на 21-ви изнесуваше 2.018.337.692 евра или 1,59% повеќе во однос на претходниот петок.

Фото: Pexels