Просечната нето плата во октомври е 25.726 денари

40

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 25.726 денари, додека во бруто износ е 38.227 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 3,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8,7%), Дејности на здравствена и социјална заштита (7,4%) и Уметност, забава и рекреација (6,7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,7%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,4%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9%).

Фото: Pixabay