Прв аеродром во светот доби сертификат за ефикасни здравствени мерки во пандемија

79

Аеродромот Истанбул стана првиот аеродром во светот што доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација, јавува агенцијата Анадолија.

Во соопштението се наведува дека овој аеродром доби уште еден меѓународен сертификат што ја потврдува ефикасноста на здравствените мерки што се преземаат во услови на пандемија.

Овој сертификат потврдува дека аеродромот во Истанбул е меѓу првите во светот што редовно ги спроведува најефикасните здравствени и хигиенски мерки за да можат патниците да се чувствуваат сигурно.

Аеродромот Истанбул свечено е отворен и со првата фаза од работата почна во октомври 2018 година и спаѓа во групата на најголеми и најважни аеродроми во светот.

Фото: Facebook