Прв град за пешаци во светот: Без автомобили, улици и емисии на штетни гасови

41

Саудиска Арабија, водечки светски производител на нафта, објави дека ќе изгради град на брегот на Црвеното море “без автомобили, улици и емисии на штетни гасови“. Градот The Line е составен дел од проектот вреден 500 милијарди долари, претставен на државната телевизија од страна на принцот Мухамед бин Салман.

Нeом ретко се споменува во јавноста откако бин Салман го објави тоа во 2017 година како клучен елемент на Визијата 2030 година што треба да ја намали зависноста на Саудиска Арабија од приходите од нафта.

“Проектот вклучува град со милион жители, кој ќе се протега на должина од 170 километри и ќе зачува 95% од природата во рамките на Неом, без автомобили, улици и емисии“, објасни бин Салман.

Неом на површина од 26.500 квадратни километри ќе вклучува индустриски и логистички зони кои треба да бидат завршени до 2025 година, пренесува Ројтерс.

Градот за пешаци ќе има училишта, здравствени домови, зелени површини и брз јавен превоз… Главната улога е наменета за вештачка интелигенција, градот ќе биде целосно напојуван со “чиста“ енергија, создавање поздрава и поодржлива околина за жителите, без загадување.

Изградбата ќе започне во првиот квартал од оваа година, а проектот ќе биде финансиран од државниот инвестициски фонд.

Проектот ќе создаде 380.000 работни места и ќе го зголеми бруто домашниот производ на Саудиска Арабија до 2030 риали (48 милијарди долари) до 2030 година, се вели во соопштението.

Фото: Pixabay