Qatar Airways бара најмалку пет милијарди долари оштета

17

Qatar Airways бара најмалку пет милијарди долари оштета од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин заради затворање на нивниот воздушен простор, пишува Ројтерс.

“По повеќе од три години напори да се реши спорот со мирен дијалог, којшто не донесе резултати, одлучивме да побараме арбитража. Ќе ги искористиме сите правни средства за да ги заштитиме нашите права и да обезбедиме надомест за нивното прекршување“, вели Акбар ал Бакер, извршен директор на Qatar Airways.

Овие земји во јуни 2017 година ја прекинаа соработката со катарскиот национален превозник, поради сомневање дека финансира тероризам и го поддржува Иран.

Од Qatar Airways се уверени дека мерките од овие четири земји се насочени против нив, по што претрпеле големи штети на глобално ниво. Од таа причина, катарската авиокомпанија одлучи да побара оштета преку четири инвестициони арбитражи поврзани со три договори, вклучувајќи го и арапскиот договор за инвестиции.

Фото: Facebook