Расте продажбата на автомобили во Кина

27

Продажбата на автомобили во Кина во јули порасна за 16,4% во однос на истиот период лани, што е сигнал дека земјата од каде што почна пандемијата веќе закрепнува.

Во текот на минатиот месец, според податоците на Кинеското здружение на производители на автомобили, продадени се 2,11 милиони возила. Со што продолжува закрепнување на овој пазар, враќајќи ја довербата кај потрошувачите.

Поради тоа се охрабрени и многу автомобилски компании коишто направија инвестиции во своите капацитети за производство на електрични возила наменети за кинескиот пазар.

Во Кина, во текот на минатиот месец, се продадени вкупно 98.000 возила на електричен или хибриден погон. Тоа е за 20% повеќе во однос на истиот период лани.

Фото: Freepik