Разбудете го претприемачкиот дух кај вашите деца – запознајте се со новата програма ЦЕЕД ЕДУ

22

ceed edu

ЦЕЕД Македонија започна со едукација на најмладите, членовите во новиот ЕДУ Клуб. ЦЕЕД Едукација (ЦЕЕД ЕДУ) е програма која го доближува претприемачкиот дух до децата и младите преку пренесување, доживување и практикување успешни приказни од светот на бизнисот. Програмата е изградена врз основа на знаењата и искуствата на експерти од областа на едукацијата, како и на искуствата од менаџери и претприемачи.

ЦЕЕД ЕДУ е креирана да ја надополни потребата на децата и младите успешно да влезат во светот на идните професии и да развијат вештини за успешно искористување на нивниот избор.

Поттикнувањето на претприемништвото е способност на индивидуата да преточи идеи во акција, тимска работа, креативност и иновативност. Развивање на способностите на 21 век овозможуваат развој на успешна личност, преносливи вештини, знаење и однесување. Сето ова ќе се вежба преку различни форми на средби во ЦЕЕД ЕДУ.

Ако имате предизвици и недоумици во однос на подигнувањето на претприемачките вештини и вредности кај вашите најмили, притоа хранејќи ги нивните уметнички и духовни потреби, очекувајте голема помош и поддршка од новата програма на CEED EDU која е наменета за деца и млади од 8 до 28 години.

Презентација за оваа програма ќе се одржи на 6 ноември 2015 (петок) од 12.00 часот во просториите на ЦЕЕД Македонија (Загребска 28б – 2/1) и е отворена за сите заинтересирани.

Ве покануваме да слушнете за новиот концепт на учење преку вклучување, создавање и давање.

Потврдете го вашето присуство или обратете се доколку имате дополнителни прашања кај CEED EDU кординаторот Цанка Велкова на email: cvelkova@ceed-macedonia.org или на моб.тел: 075 295 075.