Re-Spun – стара облека во нов еколошки дизајн

47

Marine Layer компанија со седиште во Калифорнија од стари маички и кошули создава нови користејќи 100% рециклирани материјали. За време на процесот не се користи вода, хемикалии и вештачки бои, пишува Tree Hugger.

Нивната еколошка колекција, којашто е прва од ваков тип во светот, се вика Re-Spun, а износената облека ја добиваат од клиенти кои ја оставаат директно во продавниците или ја испраќаат преку пошта.

Досега се доставени 75.000 стари маици и кошули коишто потоа се сортираат во четири групи според бојата.

Парчињата облека се чистат со помош на специјална технологија со UV зраци, се “ситнат“ во минијатурни делови и се ткаат во обоен памучен материјал, којшто се спојува со 50% рециклирани PET влакна.

Процесот на производство се одвива во Шпанија во текстилната фабрикаn Recover.

Marine Layer има вкупно 41 продавница, а продава и онлајн. Облеката создадена на овој начин може да се купи по цена од 52 до 92 долари.

Фото: Marine Layer