Редовна средба на претставници од институциите надлежни за регулирање и надзор на финансискиот систем

14

Во просториите на Народната банка вчера се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Македонија.

На средбата учествуваа претставници од: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), Комисијата за хартии од вредност и Народната банка.

На состанокот, како што се наведува, се разговарало за состојбите и главните предизвици во секој од сегментите на финансискиот систем. Притоа, било заклучено дека секој од сегментите е стабилен и непречено функционира и со тоа придонесува за одржување на севкупната финансиска стабилност на земјата.

Станало збор и за постигнатиот напредок во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со најдобрите практики и директиви на Европската унија.