Реплек прокнижи добивка од 163,7 милиони денари во 2020 година

18

Компанијата Реплек од први јануари до 31-ви декември 2020 година работеше со добивка од 163.714.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, добивката на компанијата беше 133.930.000 денари.

“Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 69% во вкупните приходи од продажба (2019: 60%) и имаат зголемување од 38% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 31% во вкупните приходи од продажба (2019: 40%) и имаат намалување од 9% во однос на истиот период минатата година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува МКД 182.838 илјади и е зголемена за 21% во однос на истиот период минатата година“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Главна дејност на компанијата е трговија на фармацевстки производи и медицинска опрема. За таа цел компанијата има развиено мрежа од 23 аптеки. Дополнително компанијата во соработка со ланецот на маркети Хубо од Белгија поседува супермакет за широка потрошувачка каде на едно место може да се најдат најразновидни производство за домаќинство. Исто така, Реплек АД Скопје се занимава со трговија на долна облека, со трговија на расветни тела и со угостителство.

Фото: Pexels