Рестрикции во водоснабдувањето во Тетово

19

РЦУК – Тетово ја пренесува информацијата од ЈКП Тетово во која се наведува дека во Тетово има рестрикции во водоснабдувањето и тоа од 17.00 до 20.00 и од 00.00 до 05.00 часот. Повисоките зони од градот се без вода во поголемиот дел од денот, заради што повремено се врши снабдување на тоа население со вода, која се носи со цистерни на ТППЕ – Тетово.