Римац: 15 вработени земаат поголема плата од мене

162

Хрватскиот претприемач Мате Римац објави јавен извештај за својата компанија Rimac Automobili.

Со желба да биде потранспарентен и да одговори на честите прашања, на YouTube објави видео на кое е прикажан извештајот на Rimac Automobili за третиот квартал од 2020 година, што вклучува финансиски податоци, информации за текот и развојот на производи и услуги и други информации за компанијата.

“Мислам дека во Хрватска постои многу голем интерес за тоа што Rimac Automobili го прави и што се случува кај нас. Исто така понекогаш гледам дека не постои разбирање за тоа што правиме и како го правиме. Сметам дека најдобар начин на информирање е директниот. Си земав малку време и се обидов да покажам на транспарентен начин што, како и зошто работиме“, вели Римац.

Колку е директорска плата?

На самиот почеток од извештајот, Римац ги коментира финансиските податоци за платите на вработените (сега во просек нето е 1.452 евра) како и сопствената плата која на почетокот од 2012 до 2014 година му била 660 евра, а од 2019 година 4.621 евра.

“Никогаш не сум бил најдобро платена личност во компанијата, мислам дека имаме 15 луѓе во компанијата кои се подобро платени од мене. Јас живеам исклучиво од својата плата“, открива Римац.

Вели дека започнал само од гаража пред 10 години, а денес има над 900 вработени. Римац има 759 постојано вработени, 70 студенти и 10 надворешни соработници.

Од карантинот до денес има 183 нови вработени, а за цела година 250 нови луѓе. Просечната плата во компанијата е околу 1.400 евра, нето. Но, Римац сака овие бројки да растат и да има среќни и задоволни вработени.

“Некои велат дека со години сме во минус. Тоа не е точно. Во 2017 и 2018 година бевме во загуба, но пред тоа имавме добивка. За 2020 година е тешко да се прогнозира. Првите шест месеци беше тешко, но се надевам деа ќе има раст“, вели Римац.

Фото: Facebook