Римац изненаден од сметката што ја добил во британски ресторан

246

Хрватскиот претприемач, Мате Римац бил пријатно изненаден откако побарал сметка во ресторан во Велика Британија.

“Не знаев дека властите во Велика Британија плаќаат половина од сметката во ресторан“, напиша Римац на Facebook.

Британските власти донесоа одлука за да ги поттикнат Британците повторно да одат во ресторани и пабови. Мерката подразбира подмирување на половина од сметката (до 10 фунти по лице), а се однесува само на храна и пијалаци во ресторани или пабови, само во понеделник, вторник и среда, кога посетеноста е помала.

Ваквата практика ќе трае до крајот на август, а британската влада се надева дека така барем малку ќе ги ублажи последиците од коронавирусот, поради што и Велика Британија и официјално влезе во рецесија по 11 години.

Фото: Facebook