Рокот за доставување на елаборати пролонгиран до крајот на 2015 година

17

Заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска информираше дека рокот за доставување на елаборати за легализација на дивоградбите е пролонгиран за до крајот на 2015 година.
“Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат геодетски елаборати согласно Законот до јуни оваа година. Предвидено е до јуни да бидат поднесени околу 400.000 барања за легализирање, а досега се поднесени околу 100.000 геодетски елаборати. Владата реши на граѓаните да им излезе во пресрет, со цел нивниот имот и објектите кои се дивоградби да можат да ги легализираат”, рече Бајрами.