Романски старт – ап се приближува кон вредност од над 10 милијарди долари

62

UiPath, софтверски старт – ап од Романија, се подготвува за нова рунда финансирање што би можело да ја зголеми пазарната вредноста на компанијата на над 10 милијарди долари.

Последен пат, овој старт – ап прибираше инвестиции во април минатата година и достигна вредност од седум милијарди долари.

Инаку, UiPath е основан во 2005 година, под името DeskOver, а го промени своето име 10 години подоцна. Нејзина основа цел е развој на софтверски решенија коишто се справуваат со одредени операции на вработените кои се повторуваат повеќе пати. Со нивна помош, вработените не го губат времето на таканаречени copy – paste операции, туку се фокусираат на посложени активности.

Меѓу клиентите што ги користат услугите на овој романски старт – ап, како што пренесува Romania Insider, се: CIA, US Navy, McDonald’s, Duracell и SwissRe. Во 2018 година, UiPath беше првиот старт – ап основан во Романија што го доби статусот еднорог.

Фото: Freepik