Рударот од Танзанија побогат за уште два милиона долари

166

Рударот од Танзанија, Саниниу Лејзер, кој на крајот на јуни стана милионер откако пронајде и продаде танзанит за 3,4 милион долари, сега на своето богатство му дава дополните два милиона.

Претходните скапоцени камења што на Лејзер му донесоа огромна заработка, тежеа вкупно околу 15 килограми. Овојпат, “ловот“ на рударот од Танзанија е околу 6,3 килограми.

“Продажбата на властите значи дека нема заобиколни патишта… тие се транспарентни“, рекол Лејзер, пренесува ВВС.

Лејзер, кој е татко на 30 деца, рече дека овојпат парите ќе ги искористи за изградба на училиште и медицински центар во неговиот регион.

Инаку, цената на танзанитот зависи од бојата и чистотата, па колку е почист, толку и цената ќе му биде повисока.

Фото: Pixabay