Русите ги менуваат своите навики како туристи

71

Масовниот туризам после пандемијата од коронавирусот ќе претрпи големи промени, а што се однесува до Русите тие ќе имаат прилика наместо светски метрополи, подобро да ја запознаат својата земја или да се вратат на одмор во руските вили, пренесува Sputnik.

Се претпоставува дека онлајн екскурзиите во иднина би можеле да станат вистински хит. Туристите и авантуристите во периодот што претстои “гладот“ за патувања ќе можат да го заситат со патувања во сопствената земја.

Во такви услови за патување низ големи земји како што е Русија може да се обезбедат интересни тури во текот на целата година.

Исто така, се очекува и селскиот туризам да блесне во полн сјај.