Русите си најдоа ново туристичко “прибежиште“

167

Рускиот дел на Крим минатиот месец прими 1,5 милиони туристи и очекува во август да пречека уште повеќе гости.

Според регионалниот гувернер на Крим, Сергеј Аксионов, 1,4 милиони туристи го посетиле полуостровот од први јули, кога регионот конечно го отвори својот туристички сектор по ограничувањата што се однесуваат на ширење на коронавирусот, пренесува Russia Today.

Над 60% од туристите пристигнале со автомобил или автобус преку Кримскиот мост, околу една третина со авион, а околу 5% со воз. Минатиот месец сместувачките капацитети беа зафатени со околу 80%, а се очекува во август резултатите да бидат уште подобри.

“Во август ќе имаме 1,8 милиони туристи. Можеби ќе имаме и повеќе, со оглед на нивото на резервации и сообраќајот“, вели Вадим Волченко, кримски министер за туризам.

Во последните две години, туристичкиот сектор на Крим доживеа вистински бум, бидејќи полуостровот на Црното море постојано привлекува многу туристи. Во текот на 2018 година, регионот го посетиле 6,8 милиони туристи, а минатата година се зголеми на 7,4 милиони.

Фото: Freepik