S&P го намали рејтингот на BNP Paribas

19

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Standard & Poor’s (S&P) го намали рејтингот на најголемата француска банка BNP Paribas и на уште две помали банки, додека негативна прогноза добија 10 други банки, меѓу кои и Societe Generale.

Рејтингот за долгорочно задолжување на BNP Paribas е намален од AA- на А+, стои во соопштението на агенцијата S&P.

Според мислењето на агенцијата, француската економија и понатаму е релативно стабилна, но намалена е неговата отпорност на неповолниот развој на ситуацијата во странство. Меѓу проблемите од агенцијата ги издвојуваат релативно високиот државен долг на Франција, намалување на странската конкурентност и високата невработеност.