СБ проектира раст од 3,7% на македонската економија

19

Светска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7%, пишува Миа.

Во наредните две години прогнозата за растот на македонската економија е 4%.

Во земјите од регионот, Светска банка за оваа година предвидува раст на економијата на Албанија од 3,2%, на БиХ 2,6%, Бугарија 2,2%, Хрватска 1,9%, Косово 3,6% и Србија 1,8%.

Светската економија ќе забележи раст од 2,4% оваа година – исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа за 2,9%.