Се очекува намалување на продажните цени во градежништвото

35

Во наредниот период се очекува продажните цени во градежништвото да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2019 година е повисок за 0,3 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2019 година, а e повисок за 1,2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој незначително ќе се намали во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на третото тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 19,5%, зголемени трошоци за материјали со 18,7%, недостиг на обучен кадар со 17,7% и зголемени трошоци за труд со 13,6%.

Фото: Pixabay