Се продава куќа во Детроит во замена за iPhone 6

64

detroithome

Покрај повеќе месечните напори да го продаде својот скромен дом со три соби, маж од Детроит решил да превземе драстични мерки.

Според Fox 2 News, сопственикот сега ја менува својата куќа за iPhone 6.

Првично куќата била на продажба за 5.000 долари, но нејзината цена паднала, така што сега изнесува 3.000 долари.

1412741173091_wps_15_iphone_house_swap

Трисобниот дом располага со подрум и гаража за два автомобили. Куќата доаѓа заедно со неплатени даноци од 6.000 долари, но како што вели агентот за продажба на истата, за тоа и за се останато ќе може да се преговара.

Агентот додава дека сопственикот на куќата може да се согласи да го замени својот дом и за iPad од 32 GB.