Сегментот што на авиокомпаниите им носи најголем профит – исчезнува

73

Околу 400.000 вработени во авиокомпаниите се отпуштени или им е речено дека може да ја изгубат работата поради коронавирусот, оценува Bloomberg. Тоа е така бидејќи авиоиндустријата претре најмногу, авионскиот сообраќај беше ставен на “пауза“, билети не се продаваа, а и патниците се плашливи. Делумно затоа што се плашат да бидат во воздух, на мал простор, со многу непознати луѓе.

Освен тоа, полека исчезнува бизнис модел којшто авиокомпаниите знаеја дека им носи голем профит, а тоа се корпоративни летови. Потребата за деловни патувања ќе биде сè помала, бидејќи работата од далечина, односно состанок преку Zoom се покажа како добра опција.

Адам Пиларски, потпретседател на компанијата Avitas, вели дека овој вид на патување нема да се врати на старо, после Ковид – 19 и додава: “Тоа е еден од оние несреќни случаеви каде индустријата ќе биде трајно ослабната, а сè што досега изгубивме не може да се врати“.

Како што наведува Bloomberg, тој сегмент е најпрофитабилен за авиокомпаниите, бидејќи компаниите беа подготвени да платат неколку илјади долари за last-minute билети за прекуокеански летови. Деловните патувања сочинуваат 60% до 70% од продажбата на авио билети, според проценките на групацијата Airlines за Америка.

Фото: Freepik