Шефот на Bugatti застанува на чело и на Lamborghini

38

Volkswagen групацијата наводно ќе го назначи шефот на Bugatti, Стефан Винкелман како нов извршен директор на Lamborghini брендот.

Стефан Винкелман е на чело на Bugatti во последните три години, а наскоро се очекува да ја преземе улогата на главен директор и во Lamborghini најрано до први декември и ќе биде задолжен да ги води двата луксузни бренда на Volkswagen групацијата, пренесува Autonews Europe.

Винкелман се очекува да го наследи актуелниот извршен директор на Lamborghini, Стефано Доменикали, кој ќе го преземе шефувањето со Formula 1 од први јануари 2021 година.

Интересно, ова ќе биде втор мандат на Винкелман како извршен директор на Lamborghini, со оглед на тоа дека ја извршуваше таа позиција во периодот меѓу 2005 и 2016 година. Неговото назначување се очекува да биде одобрено од бордот на Audi.

Сепак, целата одлука со тоа еден човек да биде на две позиции во два различни брендови укажува дека тука најверојатно станува збор за привремено решение. За потсетување, веќе некое време се шпекулира дека Volkswagen групацијата сака да продаде неколку брендови од своето портфолио, со тоа што во центарот на вниманието се токму Bugatti и Lamborghini, како и марката за мотоцикли Ducati.

Lamborghini беше доста во фокусот во изминатиот период, а тоа е поради новиот модел базиран на Huracan. Станува збор за Lamborghini Huracan STO, тркачки автомобил од Super Trofeo, кој е легален за патиштата.

Преземено од Avtoplus.mk