Шинзо Абе ги сруши акциите, веста за оставката го зајакна само јенот

36

По веста дека јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да си даде оставка (од здравствени причини), јапонските акции паднаа денес, но јенот се зајакна.

Според Bloomberg, волатилноста на пазарот на капитал се зголемила, додека индексот Topix паднал за 1,6 %, што ја поништи претходно регистрираната добивка од 1,3%.

Јапонскиот јен зајакна 0,4 % во однос на доларот.

Според информирани извори, веста за оставка на јапонскиот премиер ги изненадила трговците.

Фото: Pixabay