Што е волатилност?

1384

Волатилност претставува распон и брзина на движење на цените. Волатилноста на финансиските пазари го мери опсегот на промените на цените на финансиските инструменти. Па така, пазарната волатилност може да биде силна или слаба.

Колку е помала постојаноста на пазарот, толку е поголема краткорочната профитабилност, но вложувањето во тие финансиски инструменти се смета за ризичен и поради тоа ризикот од загуба е висок. Од друга страна, колку е помала волатилноста, толку и инвестицијата ќе биде со низок ризик. На пример, волатилноста на обврзниците е ниска, бидејќи се смета дека приносот што го генерира е безбеден.

Секоја хартија од вредност има повисока волатилност, доколку нејзината вредност достигнува значителни промени во краток временски период. Оваа појава се мери со помош на “стандардна девијација“, со којашто се мери отстапувањето на акциите од нивниот просек.

Еден пример за волатилност. Еден фармер е загрижен за нестабилноста на берзата кога е во прашање цената на пченицата. Доколку се намали од 100 на долари евра за еден тон, тогаш може да се заштити со помош на хеџинг и да постави цена од 70 евра за еден тон. Во случај цената да падне на 60 или 50 евра, поради хеџинг може да се реализира продажба на 70 евра за еден тон и така да се ограничи загубата на 30 евра по тон.

Доколку тој ризик е помал, инструментите ќе имаат помала вредност, но ако ризикот е присутен, вредноста на финансиските инструменти ќе биде повисока бидејќи сите производители на житарки ќе сакаат да се заштитат. Во случај на зголемена побарувачка за пченица, волатилноста на хартиите од вредност може да биде огромна ако ситуацијата предизвика ризик од недостиг на оваа важна прехранбена суровина.

Фото: Pexels