Шпанија го номинираше својот министер за финансии за шеф на Европската инвестициска банка: Која е Надија Калвино?

122

Шпанската влада ја номинираше својата министерка за финансии Надија Калвино за кандидат за шеф на Европската инвестициска банка (ЕИБ), објави Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од шпанската влада.

– Таа има силни резултати и долгогодишно искуство во релевантни области за оваа позиција, како што се финансиите и буџетот, финансиската регулатива, економската политика, дигитализацијата, макроекономската анализа и прогнозирање, политиката на конкуренција и трговијата, рече функционерот.

Калвино ја извршуваше функцијата министер за финансии на Шпанија од 2018 година, а исто така претседаваше со Меѓународниот монетарен и финансиски комитет во рамките на Меѓународниот монетарен фонд, а пред да стане член на одборот, таа беше висок менаџер на Европската комисија 12 години.

Ројтерс наведува дека нејзиното назначување за шеф на Европската инвестициска банка има „целосна поддршка“ од шпанскиот премиер Педро Санчез, а доколку биде избрана, таа ќе остане министерка до крајот на годината.

Покрај Калвино, кандидатката е и шефицата на ЕУ за антимонополски прашања, Маргарет Вестагер, позната по репресивните акции и огромните казни на големите технолошки компании за антиконкурентни практики.

Фото: Facebook