Шпаркасе Банка воведе ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност

25

untitled

Фото: Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи за физички лица ги воведе новите ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и GEFF во Македонија, се вели во соопштението на банката.

Со новата палета на ЕКО–кредитите, Шпаркасе Банка ја потврдува својата посветеност на реализација на проекти што имаат за цел заштита на животната средина, унапредување на енергетската ефективност кај домаќинствата, а со тоа и да ги потврди заложбите за општествено одговорно банкарско работење.

Шпаркасе Банка е првата банка во Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и GEFF, преку коишто ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Дополнително, во изминатиот период Банката ја пласираше и кредитната линија од ЕБОР во износ од 3 милиона евра наменети за финансирање на станбеното кредитирање. Кредитите за унапредување на енергетската ефикасност веќе се достапни во експозитурите на банката и со своите поволности им овозможуваат на граѓаните и поврат на инвестициските средства во висина од 15% до 20% од инвестициската вредност на прифатливиот проект.

Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15% грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20% од износот на кредитот. При позитивна одлука, дека наменско одобрените средства се соодветно искористени, Шпаркасе Банка ќе изврши поврат на вложените средства до максимално дефинираниот износ на грантот на трансакциска сметка на клиентот.

Заинтересираните клиенти на Шпаркасе Банка, физички лица, ќе можат да аплицираат за најновите ЕКО-кредити во експозитурите на Банката по следните услови:

  • Намена на кредитот: финансирање енергетско ефикасни производи во домаќинствата;
  • Износ: до 50.000 ЕУР;
  • Рок на отплата: до 20 години;
  • Каматна стапка: почнувајќи од 5,70% фиксна за првите 3 години, а потоа променлива почнувајќи од 5,90%

За повеќе информации во врска со прифатливите технологии може да најдете на http://technology-mk.ebrdgeff.com/.

Повеќе информации за поволностите на ЕКО-кредитите се достапни на веб-страницата на Банката на следниот линк, како и во сите експозитури низ државата.