Штип се поврзува со ХС Злетовица

18

Водоснабдувањето во Штип ќе се нормализира во текот на денешниот ден. Жителите на градот Штип и приградските населби ќе немаат вода за пиење 24 часа, поради зафатот кој на Штип ќе му овозможи прием на вода од хидросистемот Злетовица. Раководителката на работната единица Водоснабдување во ЈП Исар-Штип, Лидија Коцева вели дека веќе е реализирана првата фаза на разделната шахта, со која ќе се разделат подземната вода од бунарите и површинската која треба да се дистрибуира преку цевководот од ХС Злетовица.
“Екипите работат и на други четири локации на водоводната мрежа, оние поголеми дефекти за кои е потребен исто така сопирање на водата, но и поставување вентили со што одредени населби ќе се оделат од индустриската зона”, вели Коцева.
Приклучувањето на штипската филтер станица со Хидроситемот Злетовица се очекува во текот на месецов, а водата за пиење од браната Кнежево се очекува низ штипските чешми да протече во мај, годинава.